„Кратко, но силно“: СИЛЕН земјотрес во соседството

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Егејското Море, недалеку од Грција.

Како што информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил почувствуван на 20 километри југоисточно од населбата Неа Рода и 109 километри источно од Солун.

Епицентарот е измерен на длабочина од 15 километри, додека засега нема информации за материјална штета.

„Кратко се тресеше“, „Ништо страшно, но се почувствува неколку секунди“, „Кратко, но силно“, ова се само дел од сведочењата на граѓаните кои го почувствувале потресот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде