КОНЕЧНО: Овие граѓани да си ги проверат сметките, власта почна со исплата

„Да тоа е уште една убава вест. Во двете компании и Национални шуми и АД Водостопанство, мислам дека близу 3000 вработени се, плати кои не ги добиле изминатите 4 месеци од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари.

И добро е денеска што веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите.“, вели Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека во ЈП Национални шуми веќе почнала исплатата, во АД Водостопанство веќе од понеделник.

„Промената е програмата, веќе во Национални шуми легнаа средства на сметките на вработените, а најдоцна до понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство.

Така ќе продолжиме и во иднина, тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милијарда денари заостанати долгови за земјоделците, кои што претходната влада им ги должи.

Исто таква една милијарда ќе предвидиме за следната година, така што полека покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците, ќе имаме и средства со кои ќе ги вратиме оние долгови кои што ги има направено владата ан СДСМ и ДУИ.“, дециден е Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде