НАЈНОВА ВЕСТ: Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 во однос на одлуката од 23.8.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек:

кај бензините 0,517 %, кај дизелот 0,216 %, кај екстра-лесното масло 0,542 % и кај „мазутот“ има намалување од 2,048 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,2235 %.

Од 27.8.2024 година од 00.01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС – 95                  77,00 (денари/литар)

моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС – 98                             79,00 (денари/литар)

дизел-гориво            ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            69,50 (денари/литар)

масло за горење      екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)               69,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“                                                                 45,170 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,125 денар/кг и сега ќе изнесува 45,170 денари/кг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде