Вчера во 19.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмољје – Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од С.М.(36) од с.Батинци, скопско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Н.З.(27), малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.