Трагедија во семејството на познатата пејачка, во ист ден починаа мајка ѝ и сестра ѝ

Мајката и сестрата на пејачката Мараја Кери, Патриша и Алисон, починаа во ист ден за време на викендот.

„Срцето ми е скршено затоа што викендов ја изгубив мајка ми. За жал, мојата сестра го загуби животот истиот ден“, изјави Кери вчера, а пренесе Би-би-си.

Кери не ја откри причината за смртта на двете жени.

Мајката на Кери, Патриша (87) беше поранешна оперска пејачка со ирско-американско потекло.

Во своите мемоари од 2020 година, „Значењето на Мараја Кери“ („The Meaning of Mariah Carey“), Кери напиша дека имала комплициран однос со мајка ѝ, но постојано изјавуваше дека ѝ е благодарана што ја вклучила во музиката.

Во своите мемоари, Мараја Кери напиша и дека се дистанцирала од сестра ѝ Алисон и брат ѝ Морган, наведувајќи дека „емотивно и физички е побезбедно да нема никаков контакт со нив“.

Сестра ѝ Алисон ја тужеше по објавувањето на мемоарите, барајќи 1,2 милиони долари, велејќи дека тоа ѝ предизвикало „емоционална болка“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде