НЕВЕРОЈАТНО: Се уште не се појавил добитникот на Лото кој освои 1,7 милиони евра

Милионерот од Охрид се уште не се појавил по освоените 1,7 милиони евра.

Ова е најголемиот џекпот во историјата на Државна лотарија.

Добитната комбинација се состои од броевите 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и е уплатена во Охрид.

Бидејќи билетот е уплатен во Охрид, се уште не е јасно дали добитникот е охриѓанец или турист кој бил на одмор во Охрид.

Претходната најголема сума е забележана во 2021 година, вредна над 41 милион денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде