Фронтменот на познатиот рок бенд „Рибља чорба“ е хоспитализиран во одделението за интензивна нега во болница во Љубљана.
И откако здравствената состојба му се влоши тој е приклучен на респиратор и се наоѓа во многу тешка состојба.
Неговата сопруга Дубравка се уште не се огласила за медиумите, а менаџерот Бане Обрадовиќ ги потврди лошите вести.
Потсетуваме, легендарниот рокер кој го обожаваат на сите простори од поранешна Југославија е роден во српскиот град Чачак.
Како што самиот изјави во една пригода, имал трема само кога настапувал во својот роден град, а највозбуден во животот бил кога го добил признанието за почесен граѓанин на местото каде што е роден.
Потсетуваме, здравствената состојба на Бора Чорба не е добра.
Докторите даваат се од себе за да му биде подобри, но најновите информации што пристигнуваат од Љубљана не се добри.
Бора е приклучен на респиратор и се бори со многу силно воспаление на градите, а неговата состојба е критична.