ТРАГЕДИЈА: Жена до смрт изгорела при пожар во сопствениот дом

Во пожар во куќа во село Лозово вчера починала 59-годишна жена.

Полицијата соопшти дека вчера во 17 часот и 6 минути во СВР Штип, било пријавено дека во село Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот.

На 27.08.2024 во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот.

Лекар констатирал смрт како последица на изгореници.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе,

а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде