Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Ел Салвадор,
а според првите информации нема жртви или материјална штета, соопштија локалните власти.
Земјотресот, кој се случи во средата, на 60 километри од брегот на западниот регион Либертад и на длабочина од 33 километри, е почувствуван и во други делови на Централна Америка, објави Американскиот геолошки институт.
По него следеа два силни последователни потреси, со јачина од 4,1 и 4,5 степени според Рихтеровата скала, напиша салвадорскиот претседател Наџиб Букеле на мрежата Х, пренесува АП.