Млада девојка (20) избегнала обид за силување на плажата во Саламис, Грција, благодарение на млад човек кој буквално ја спасил, а патем снимал сѐ за да го сними напаѓачот и подоцна да помогне во полициската идентификација.
Имено, девојката била шокирана од настанот што ѝ се случил на една од дивите грчки плажи, објави Прототема.
Девојката и нејзината пријателка отишле на дива плажа во Саламис, каде на девојката ѝ пришол маж и заканувајќи се со насилство се обидел да ја силува.
Исплашената девојка истрчала во морето.
Напаѓачот ја следел во водата и се обидел да ја совлада, но безуспешно. За среќа, целиот инцидент го забележал млад човек, кој веднаш го земал телефонот и ја снимил ситуацијата и напаѓачот.
На видеото се гледа како жртвата, 20-годишна девојка и маж се во вода, а млад човек со телефон во рацете полека им приоѓа.
На видеото се слуша како тој ѝ кажува на девојката да излезе, а потоа му се обраќа на напаѓачот, кој изгледа збунето.
Кога излегле од водата, мажот кој бил на плажата го прашал дали ѝ се заканувал на девојката дека ќе ја силува.
Девојката подоцна изјавила дека тој се заканувал дека има нож и дека сака да ја силува, а ако не му дозволи ќе ја избоде.
На местото на настанот била повикана полиција која го привела насилникот и истиот е спроведен во обвинителството. (Канал5)