Трагедија го потресе светот: Се судрија камион и автобус, 14 лица го загубија животот

Во судир меѓу автобус и камион вчера во центарот на Мали загинаа 14 лица, а 29 се повредени, од кои девет се во тешка состојба, соопшти Министерството за транспорт.

Според Министерството, несреќата се случила околу 06:00 часот по локално време во општина Фана, при што е причинета голема материјална штета.

Автобусот сообраќал од Фана кон главниот град Бамако и се судрил со камион со приколка што се движел од спротивниот правец.

Отворена е истрага за утврдување на точните околности на оваа несреќа. Сообраќајните несреќи се чести во Мали и генерално се предизвикани од лошите услови на патиштата и возилата и човечката грешка.

Шеснаесет лица загинаа во судир на два автобуси во центарот на Мали на крајот на јули.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде