Се рашири лажна информација дека Калиопи починала, вознемирената пејачка итно се огласи

Пејачката Калиопи на Инстаграм на социјалната мрежа објави дека станува збор за лажна вест што се шири на Интернет, а во која се наведеува дека таа починала.

Како причина за нејзината наводна смрт, наведени се цисти на мозокот и срцевиот удар.

Калиопи мораше да се реагира поради лажната вест.

“Јас секогаш велев дека нема добри и лоши луѓе, туку дека постојат луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин поведена е пријава и постапка до надлежните органи.

Се случувале и во минатото различни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надминува сите претходни манипулации. Дали вие нелуѓе хреатори ан овие вести сте свесни дека можеби мојата мајка сестра, брат можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот?

Ушатувам апел до Одделот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби, напиша Калиопи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде