ТРАГЕДИЈА: Страотна сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

Полицијата извести дека вчера било пријавено дека на регионален пат Р1402, на делница од с. Габрово до с. Банско,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „ауди“ управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ управуван од М.Н.(46) од село Банско.

Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде