Седум лица, меѓу кои шестгодишно девојче и шеснаесетгодишно момче, загинаа денеска,
нешто пред 01:00 часот по полноќ кога автобусот се превртел источно од градот Виксбург, во американската држава Мисисипи, потврди судскиот советник од округот Ворен.
Еден брат и сестра на возраст од 6 и 16 години се меѓу загинатите во несреќата, изјави судскиот советник од округот Ворен, Даг Хаски, пренесе Си-Ен-Ен.
Шест патници се прогласени за мртви на местото на настанот, додека седмиот починал во болница,
а триесет и седум патници се пренесени во болниците во Виксбург и Џексон со повреди за кои не се знае дали се сериозни, соопшти локалната сообраќајна полиција и потврди дека истрагата е покрената.