Полицијата на нозе, исчезна малолетничка

Полицијата презема мерки за пронаоѓање малолетничка од Крива Паланка, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 19.45 часoт во ОВР Кавадарци, Н.А.(43) од Крива Паланка пријавил дека неговата ќерка С.А.(16) се оддалечила од домот во кој привремено престојувале во село Сопот, Kавадаречко.

Според пријавеното, таа најверојатно заминала со Д.Н. од Виница.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде