Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени кога камион натоварен со авокадо влета во група луѓе кои излегуваа од бар во Доминиканската Република.
Повеќето од загинатите се мажи, а меѓу жртвите има 20-годишна жена и тинејџер.
Несреќата се случила рано наутро во неделата, изјави Хуан Салас, директор за цивилна заштита.
Засега не се знае дали меѓу жртвите е и возачот на камионот, а повеќето од повредените се пренесени на лекување во Сан Хуан.