За влакно ќе го загубел животот гаснејќи пожар, а денеска му стигна опомена пред тужба

Пожарникарот Александар Ѓорѓиевски, кој беше ангажиран да гаси пожари во штипско, а по што завршил на интензивна нега заради повреда, вчера на социјалните мрежи објави дека бил примен во Клиничката болница Штип, каде го добил соодветното лекување,

Меѓутоа, вели дека кога ја напуштал болницата тој не бил информиран дека требал да плати, па сега, еден месец по излегувањето од болница, му пристигнува опомена пред тужба од болницата за износ од 1.250 денари.

„На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам со најблиските .

Од наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило .

Од ко ме пуштија прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија Ацка терај си дома и одмарај си по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип ( интезивна нега ) не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома .

На менаџментот на Клиничката Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас требаше ли некој да ме информира еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби вработен да ме само информира усно телефонски на било кој начин.

Јас писмото денес го примив и се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон вас и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто што сте требале да ме вие информирате и истиот ден кога сте ме пуштиле тоа ќе си е било платено “, напиша тој на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде