Вчера во 22 часот во Кисела Вода, во близина на општината се случила тешка сообраќајна несреќа каде биле повредени шест лица.
Од МВР информираат дека било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје“, се вели во билтенот на МВР.