Миа Костова револтирана од условите во училиштата: Ќе си го повлечам детето што доаѓа со мокри гаќи и чорапи дома, па ќе се договараме за пропуштен материјал

Фејсбук пост на македонската инфлуенсерка Миа Костова:

„Планирам Андрија да ја почне школската година во октомври, не дека е свилен него дека бев вчера на родителска во 19:00, во училница беше 37 степена, верувам дека во 12:00 попладне е 57 степена.

Ако Центар конкретно нема решение, јас имам. Ќе фатиме уште некоја плажа, па нека полага. Ако нема начин најново школо во државава да има климатизација, што останува за другите школи и општини. 2024 – неклиматизиран простор.

Па има еден период од денот кога сонцето е директ во училници. Не знам стварно дали сте нормални? Ај големиве, а целодневна? Замислете училница на сонце, без клима и деца што трчаат низ неа.

Па кратко било, да издржиме. Ништо не издржуваме, ја би бојкотирала настава, само така. Во спротивно ќе си го повлечам детето што доаѓа со мокри гаќи и чорапи дома, па ќе се договараме за пропуштен материјал“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде