Водата носи се пред себе: Силно невреме беснее во делови од Европа (ВИДЕО)

Западот на Италија го зафати силно невреме, а најлошо беше во регионите Пиемонт и Лигурија каде се забележани поплави кои уништија мостови. Водата носеше се пред себе.

Во Пиемонт реки се излеаја на улиците на Торино, Вал ди Суза и Вал Чисонеа, а реката Херардо урна мост во селото Џордани, поради што неколку околни села беа отсечени од светот, јавува државната агенција Анса.

Силен дожд со кратки, но силни налети на ветер го погоди и јадранското пристаниште Бари, предизвикувајќи поплави и прекин на патниот сообраќај. Во Венеција, пак, плимата повторно предизвика проблеми. Плоштадот Свети Марко е под вода, па се огласија сирените. Дополнително, граѓаните добија и СМС пораки со предупредување за опасностите од поплави.

Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и силниот дожд во западна Лигурија предизвикаа паѓање на дрвја, билборди и летниковци. Многу области се поплавени, а нивото на реките се зголемува и во Ломбардија.

Во градот Гросето во Тоскана е снимена пијавица која носи лежалки и чадори на плажата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде