ОГРОМНА ТАГА – познатиот музичар почина на 34 годишна возраст

Американскиот рапер Рич Хоми Куан, чие вистинско име е Деквантес Ламар, почина на 34-годишна возраст, пренесува „Пејџ сикс“.

Познатиот рапер, кој имал само 34 години, во четвртокот бил пронајден без свест во својот дом во Атланта. Се сомнева дека се предозирал.

Неговото семејство за TMZ изјави дека се во шок и скршено срце, истакнувајќи дека тој починал еден месец пред неговиот 35-ти роденден. Засега не е позната точната причина за смртта.

Рич се најде на топ листите во 2013 година со неговиот сингл „Type of Way“, кој се искачи на 50-то место на топ 100-те на Билборд.

Тој е познат и по песните „Flex (Ooh, Ooh, Ooh)“ и „Ride Out“. Се прослави и како дел од групата Rich Gang, заедно со раперот од Atlanta Young Thug во рамките на проектот Cash Money Records.

Во тоа време, Њујорк Тајмс го опиша како дел од растечката генерација на рапери во градот.

Неговиот последен сингл ‘Ah’Chi’ е направен заедно со раперот 2ChainZ.

Од раперот се простија бројни колеги.

„Брат, неодамна разговаравме. Никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка, начинот на кој зборуваше и твојата музика“, напиша раперот Буси БадАз, кој ја навести причината за смртта на Рич, но сè уште не е потврдено.

Наводно, Куан се борел со зависност и во минатото неколку пати се наоѓал во неволји поради дрога. Во 2017 година, тој беше осуден за поседување дрога со намера да дистрибуира, но во 2019 година, тужбата беше отфрлена поради недостаток на докази.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде