Вонредна вест: УХМР објави мапа – голем влажен бран влегува во Македонија

Врнежи од дожд по 18 часот веќе се регистрирани во западните делови од Македонија.

Според прогнозите, врнежите вечерва ќе ја зафатат цела територија на Македонија.

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Во западните делови од Скопската Котлина има појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде