Утрово на пат кон редовниот тренинг сообраќајна несреќа доживеал тренерот на македонскиот второлигаш Башкими со уште двајца свои фудбалери.
Од клубот објавија дека возилото во кое биле тренерот Баже Јанакиевски и фудбалерите Мемет Ризахазма и Боријан Пановски излетало од патот.
Во несреќата за среќа ниту еден од нив не бил посериозно повреден.
„На пат кон редовниот тренинг, тренерот на првиот тим Баже Јанакиевски, како и нашите фудбалери Мемет Ризахамза и Боријан Пановски на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа,
која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски“, објави Башкими.