Eксплодираше рачна бомба, едно лице повредено

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива на неговиот брат кај место викано „Маврица“, од експлозија на рачна бомба со повреди се здобил Б.А.(51) од с.Неготино.

Тој бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување на лекарска помош.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде