Во ХРВАТСКА пристигна драстична промена на времето, која носи обилни врнежи од дожд, со грмежи и значителен пад на температурите, објави пред малку Индекс.хр.
Невремето пристигнува од Италија и Словенија и неговите делови веќе ги зафатија западните делови на Хрватска. Еден фронт на бура го зафати поширокото подрачје на Задар.
Обилни врнежи се забележани на крајниот северозапад на Истра, каде наврнаа повеќе од донесе повеќе од 115 мм дожд, објави Истрамет.
Kamp Amarin kod Rovinja, žestokoooo! 🤯 Video by
— IstraMet (@IstraMet) September 12, 2024
Massimo Radetić pic.twitter.com/MmDo3036o0
Невреме се очекува утре да ја зафати и Македонија
Утре (13.09) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.
Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.
Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.