Тажна вест: Почина познатиот актер

Почина Чед Меквин, негативецот од „Карате Кид“ и син на филмската икона Стив Меквин

Веста за смртта на актерот Чед Меквин, со јавноста ја сподели неговиот адвокат Артур Баренс.

„Со тешко срце објавуваме дека почина Чед Меквин, син на познатиот актер Стив Меквин. Во 2020 година, Чед претрпе повреда од која никогаш не се опорави целосно“, изјави Баренс.

Меквин починал во средата од откажување на органите на неговиот ранч во пустината Палм, изјавил за „Холивуд рипортер“ неговиот 40-годишен пријател Артур Баренс.

Чед Меквин е најпознат по улогата на Дач, еден од насилниците во оригиналниот филм „Karate Kid“ и неговото продолжение „Karate Kid II“.

Тој, исто така, глумеше во филмови како „Skateboard“ (1978), „Martial Law“ (1991), „New York Cop“ (1993), „Death Ring“ (1992) and „Red Line“ (1995) и имаше планови да ја репризира неговата улога во „Karate Kid“ во спин-офот на Нетфликс „Cobra Kai“.

Надвор од актерството, Меквин се фокусираше на автомобилски трки, како неговиот славен татко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде