Планинарите кои вчера го посетија Пелистер, на социјалните мрежи објавија фотографии со снег и бела покривка.
Во следните денови очекуваме дополнително заладување на времето,
па можно е снегот да се појави и на другите планински места низ Македонија (над 2000 м.н.в), најавува метеорологот Славчо Попоски.
Фото: Фејсбук/Славчо Попоски
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе биде силен, односно ќе дува со брзина над 70 км/час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 Целзиусови степени, информираат од УХМР.