Страшна несреќа го потресе светот: 64 лица загинаа при превртување на брод

Страшна несреќа се случила во нигериската држава Замфара. Се стравува дека во превртувањето на брод загинале најмалку 64 лица.

Дрвен брод со 70 фармери се превртел додека ги превезувал преку реката до нивните фарми во близина на градот Гуми.

Локалните власти брзо ги мобилизираа жителите да помогнат во спасувачката операција, но по три часа само шест преживеани беа спасени од водата.

Тимовите ја продолжија потрагата со надеж дека ќе најдат уште преживеани.

Повеќе од 900 фармери дневно се превезуваат со мали чамци до нивните полиња, но тие често се пренатрупани бидејќи на оваа рута возат само двајца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде