Бурата носи се пред себе: Ова е најдраматичната снимка која доаѓа од поплавите ширум Европа (ВИДЕО)

Поројниот дожд продолжува да ги полни реките низ Централна и Источна Европа. Дел од нив се излеаа од своите корита и поплавија голем број градови.

Илјадници луѓе останаа без електрична енергија, а во голем број населени места се спроведува евакуација на населението.

Најпогодени од циклонот Борис кој го зафати регионот се Романија,Чешка и Полска, каде веќе се регистрирани и првите жртви.

Властите во овие земји го повикаа населението кое е погодено од поплавите да се евакуира на повисоките места и да соработува со спасувачките екипи.

Нивото на водата во реките во Полска се зголемува и ќе продолжи да расте поради обилните врнежи.

Најтешка е ситуацијата во југозападните и западните делови на земјата, каде нивото на тревога е надминато – покажуваат податоците на Институтот за метеорологија и управување со водите.

На сила е највисокото ниво на хидролошки предупредувања.На социјалните мрежи се појавија снимки од поројните дождови во Полска, на кои се гледа како поплавата носи автомобили на улица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде