Полска се соочува и со тешки и катастрофални поплави кои ја погодија Европа. Пет лица загинаа како последица на поплавите, телото на хирург кој се враќал од работа е пронајдено во градот Ниса.
Поради пукањето на браната во близина на границата меѓу Полска и Чешка, наредена е итна евакуација, а драматичните фотографии го обиколија светот.
За време на најголемата бура во последните години, огромни количини на вода зафатија цели градови во текот на викендот, вклучувајќи го и Јесеник, кој целосно исчезна под вода.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека подготвил наредба за прогласување природна катастрофа.
Непрестајниот дожд доведе до поплави во областите во близина на границата со Чешка.
Во мал град во Долна Шлезија цели улици беа под вода, а најмалку едно лице загина.
Вирална е снимката од германски овчар кој со часови бил заробен на остатоците од урнатиот мост во еден полски град.
Поројната вода го сруши мостот кој се уште беше во изградба, а кучето се сокри зад бетонските блокови од поплавата.
Откако камерата се врати на истото место по неколку секунди, кучето го немаше, но приказната сепак има среќен крај.
Имено, кучето успеало да се задржи на површината, а водата го однела до местото каде граѓаните го спасиле.
Trwają akcje ratunkowe w Gorzuchowie i Gołogłowach. W pierwszej z wymienionych miejscowości woda zabrała z drogi busa, w którym znajdują się dwie osoby. W Gołogłowach w wielkiej wodzie utknął samochód osobowy, w którym uwięzione zostały 4 osoby.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 15, 2024
Foto: telewizja kłodzka pic.twitter.com/bPCK0PFKqQ
За малку ќе се случеше трагедија во градот Гологлави кога поплава однесе автомобил во кој имало родители со две деца. Фотографиите од социјалните мрежи покажуваат како речиси целиот автомобил завршил под вода која дошла толку брзо што возачот немал време да реагира.