Конечно убави метео вест: Доаѓа мини лето и стабилно време!? – ЕВЕ КОГА

Метео анализа на Славчо Попоски:

Со она што можам во моментов да го кажам за месец Октовмри, е тоа дека судејќи според моменталните излези на најажурниот прогностички модел “Европскиот Центар за Среднорочна проноза” (ECMWF), може да се надеваме на мини лето и на потопло и постабилно време во првата половина од месец Октовмри, додека втората половина од истиот месец ни носи повеќе врнежи, како и пониски температури.

Температурите во првата половина од месец Октомври би биле малку натпросечно високи и речиси насекаде преку ден би се искачувале над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би се искачиле  и до 30 степени.

Сепак поради тоа што денот е се пократок, а ноќите се се подолги, утрата ќе ни бидат доста посвежи, па се повеќе ќе се појавува и влажноста во воздухот.

Мора да напоменам дека, со оглед на тоа дека се работи за доста подолгорочна анализа на времето, голема е веројатноста да има промени во истата, но за какви промени ќе станува збор останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, како и развојот на временските услови кај нас, како и пошироко на Балканот, па  и низ целиот Европски Континент. Затоа многу подобро би било граѓаните да се базираат на моите краткорочни метео анализи, кои секојдневно ги објавувам.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде