Фановите се збогуваат со емотивни пораки
Легендарниот тапанар на познатата рок група „Simple Minds“, Кени Хилсоп, почина на 73-годишна возраст.
Причината за смртта се уште не е позната, а музичарот подолго време бил тешко болен.
На социјалните мрежи се појавија бројни тажни пораки, а фановите се збогуваат со музичарот.
Кени Хилсоп Фото: мрежи
– Тажно. Разговарав со Кени често преку мрежата x во последните неколку години. Го запознав пред 40 години, тој беше „пеколен“ тапанар – напишал еден од големите обожаватели на тапанарот на „Simple Minds“.
– Му испратив порака пред еден месец, ми кажа дека лекувањето оди добро. Не е фер – напишал друг фан.