Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил на 110 километри од Елбасан, на длабочина од пет километри.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Да потсетиме, силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Тексас.

Епицентарот бил во близина на градот Акерли, но се почувствувал и во други делови на државата, вклучувајќи ги Далас, Остин и Сан Антонио.

Сеизмичката активност се случила околу 19:49 часот по локално време, напиша Националното метеоролошка служба на IX.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде