Две девојки од Германија кои биле на екскурзија во Италија загинале кога на нив налетал „мерцедес“. Несреќата се случила во Лидо ди Камахоре во средата околу 19 часот.
Жената, која била зад воланот на мерцедес, налетала на група пешаци и убила две девојки (18, 19) од Германија. Тие беа средношколци во Дуизбург (Северна Рајна-Вестфалија).
Италијанската полиција се уште не објавила информации за нивниот идентитет.
Според надлежните, жената (44) наводно изгубила контрола над својот „мерцедес“ кога се случила несреќата. Пред тоа со голема брзина поминала низ два црвени семафори, а потоа удрила во група пешаци.
Наводно, таа прво ги удрила девојките, а потоа и останатите пешаци, за на крајот да удри во неколку паркирани возила во близина на хотелот.
Извор:newz24live.com