Синоптичарите утрово со најнова вест: Бидете подготвени, ќе има невреме

Променливо облачно со повремено врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени, а максималната ќе достигне 18 до 25 степени“,велат од УХМР.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

„Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 22 степени“, велат од управата.

Оттаму соопштија дека и во текот на утрешниот ден ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд.

Следните денови, пак, времето ќе биде сончево, а дневната температура ќе биде во благ пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде