Во Основен кривичен суд денеска почна судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во судницата се појави и првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, откако Обвинителството ги спои постапките на обвинетите.
ОЈО најпрво поднесе обвинение за четири лица, а потоа и за Љупчо Палевски – првоосомничен во случајот, за кого се чекаше екстрадиција од Турција.