Пејачката Менсура Салкиќ трагично починаа во вторник на 17 септември.
Обвинителството на кантонот Тузла било известено околу 21 часот и 45 минути дека во станот е пронајдено безживотното тело на М.С. родена 1986 година, соопштија од Обвинителството Т.К.
Оттаму додаваат дека истрагата е завршена и дека нема траги на насилство. Менсура Салкиќ се самоуби со бесење.
Претходно од Менсура се простија братот, Менсур Салкиќ и роднината Мерима Џафиќ.
„По волја на Алах, мојата сестра Менсура синоќа се пресели во подобар свет. Би ги замолил сите мои пријатели да покажат почит кон приватноста на моето семејство по оваа трагедија што не снајде и на тој начин да им олесниме на сите. Ви благодариме за разбирањето “, напиша Менсур Салкиќ.
Извор: radiosarajevo.ba