ВОНРЕДНО: Силно невреме вечерва го погоди овој македонски град

Силно невреме го зафати Тетово, поплавени се улици, домови, гаражи.

Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината.

„Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово“,

информира вечерва Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово.

За невремето известени се и ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде