Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината.
Врнежите предизвикаа поплавуване на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово.
Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи, дворови а сопствениците поставуваат соодвртни бариери за заштита од водата да не навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот.
ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и ТППЕ-Тетово е на терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти.
„ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и ТППЕ-Тетово е на терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти“, се вели во соопштението од РЦУК.