Тажна вест: Почина познатата актерка – беше една од најомилените на Македонците

Живковиќ беше истакната фигура на српската актерска сцена

Актерката Радмила Живковиќ почина на 72-годишна возраст во Белград, потврдија од Народниот театар.

Живковиќ беше истакната фигура на српската актерска сцена, со бројни забележителни улоги на телевизија и во театарот.

Веста за нејзината смрт шокираше многумина, а нејзината ќерка, исто така актерка, Бојана Бамбиќ, обземена од болка за локалните медиуми проговори.

– Мајка ми почина утрово во 10:34 часот во болница по долго и тешко боледување. Тешко ми е и би ги замолила сите медиуми да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овие тешки моменти.

Сè треба да биде достоинствено како што таа живееше – вели Бојана Бамбиќ за Информер

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде