Јоци: Чуднa беше изјавата на таткото на Вања – еве и зошто

Во последни 35 години, нема посвирепо убиство од ова на 14-годишната #Вања, чие судење на осомничените убијци започна денеска.
И да, сакам да ја потсетувам јавноста како изгледаше Вања и детали како била убиена, затоа што се појавија и бранители на осомничените.

Од досега чуеното, убијците дефинитивно се ликови со ментално растројство, психопатски особини и ладнокрвност при извршување на убиства – буквално како сериските убијци, Тед Банди и Чарлс Менсон, но во едно.
Никому не му се затресла рака при киднапирањето на Панче и Вања, а ни кога ги убиле.
Тоа не го може емотивна личност, напротив само крвник од најлош вид.
И Вања и Панче се убиени на идентичен начин, со куршум во глава од калибар 9.

Вања.
Киднапирана, па егзекутирана како во времето на Ал Капоне – И ЈА РАЗНЕЛЕ ГЛАВАТА.
Претходно мачена садистички – цел час била во вреќа, со селотејп на уста, врзани раце и нозе.

ПОТСЕТУВАЊЕ:
Киднапирана е од сутеренот на зградата каде живеела, а каде #Љупчо #Палевски има стан на најгорниот кат, но и помошни простории на приземјето од каде е лишена од слобода од киднаперите.

Тоа се гледа во катастарскиот имотен лист кој го објавив лани – дека Палевски има веќе 25 години #стан и #помошни #простории во #истата #зграда, така да чудна е неговата изјава како не го познава таткото Александар Ѓорчевски.
Во таа зграда има мал број станови, па некако е сомнително како Палевски не го познавал соседот, таткото на Вања. А, и обратно.

НЕКОЛКУ ЧУДНИ ПОДАТОЦИ ОД ДЕНЕШНОТО СУДЕЊЕ, а утре ќе образложам и други.

 #Љупчо #Палевски рекол дека ,,за време на убиството” бил во банка кога Вања била убиена.
■ А, која тоа банка работи во 7.30 наутро???
■А, зар не можел намерно да влезе пред или по убиството колку да го фатат камери, затоа што не е познато точното време на настанување на смртта на Вања туку е ,,околу 10 часот”?
■ И конечно, барал мобилниот оператор да ги даде списите од базните станици на неговиот мобил од тој ден, како да не може некој друг да му го ,,шетал” мобилниот низ Центар!!

#Таткото #Александар денеска изјавил дека станот бил префрлен на двете деца, но сепак јас кога го објавив имотниот лист, лани во декември, сопственик на станот беше тој. Неговото име беше запишано.

■ Чудна беше и неговата денешна изјава, цитат – ,,во овој процес ќе помогнам целосно да се расчисти оваа работа со имиња и презимиња, рече Александар Ѓорчевски во судницата.
За какви ,,имиња и презимиња” говори таткото
Нели никого не познаваше и ништо не знаеше околу ,,оваа работа”

 Чудно беше и барањето на мајката Зорица јавноста да биде исклучена од судењето.
После толку време, зар не и е важно вистината да се дознае до најмал детал, а крвниците да скапат во затвор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде