Страотна несреќа го потресе регионот: Петчлено семејство загина, меѓу жртвите има и три деца

Петчлено семејство погина во судир на автомобил и воено возило на патот Краљево-Рашка, пренесе Блиц.

Жртви се три деца, и нивните родители.

При извршување на редовните задачи, борбеното возило на српската армија „ПАСАРС“ се судрило со цивилно возило во близина на градот Ушќе, соопшти Министерството за одбрана.

Несреќата се случила во 13 часот и 10 минути.

Борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде