Вознемирувачки први снимки од трагичната несреќа во Србија

Петчлено семејство од Рашка загина во страшна несреќа меѓу патнички автомобил и воен транспортер на Ибарската магистрала кај Ушче, пренесува порталот Нова.

Блиц јавува дека загинал татко, три деца и уште една жена, додека мајката на децата преживеала.

-Патничкиот автомобил бил целосно покриен со военото возило, целосно згмечен. На местото на настанот пристигнале екипи од пожарникари и спасувачи. Тие некако успеале да го подигнат военото возило и да го преместат. Сцената беше страшна, ова е вистинска трагедија – изјавил за РИНА еден од очевидците.

При извршување на редовните задачи, борбеното возило на српската армија „ПАСАРС“ се судрило со цивилно возило во близина на градот Ушќе, соопшти Министерството за одбрана.

Несреќата се случила во 13 часот и 10 минути.

Борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.

Надлежните органи излегле на местото и ќе ги утврдат сите околности на несреќата.

Се претпоставува дека патничкото возило влетало под военото борбено возило кое се движело во придружба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде