Светите води на ктиторот Симо Костадинов причина за многу склучени бракови, рожби и исцелувања од разни болести

Од сон и мака, па се до пронаоѓање на свети води, ктитотор Симо Костадинов од штипското село Кошево веќе 24 години е слуга на Бога.

Да се служи на Бога не е лесно, бидејќи е потребна чиста совест, мирен дух, срце полно љубов, но и неизмерна хуманост и помош за сите кој ја бараат .

Без да знае, кај него доаѓаат дури луѓе од странство на кој исто преку сон им е покажано каде да бараат спас дали тоа за женидба, деца, здравје или некоја друга причина.

Најпрво ја пронајдов водата на Св. Ѓорѓи Победоносец и дури прифатив имав многу тежина и мака вели Костадинов и додава дека тој дури е жив нема да одстапи од местото.

Извор: М-нет телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде