Најнова вест: Доаѓа голема промена на времето – ЕВЕ КОГА

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во периодот кој што ни следува, односно новата седмица ни носи “Мини Лето”, па така температурите, како наутро, така и преку ден ќе бидат во значителен пораст,

а особено топло ќе биде преку ден кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во централните  и во југоисточните предели тие ќе надминат  и 25 степени.

Во вториот дел од седмицата и за време на следниот викенд во погоре споменатите предели температурите се очекува да надминат  и 30 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди. Исклучок ќе биде денот вторник и тоа во попладневните  и во вечерните часови  кога во западните предели ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи.

Локални врнежи се очекуваат и во среда, а потоа од четврток ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.

Да на поменам, промената на времето која се очекува во вторник попладне, како и во среда, нема да биде многу голема  и ќе биде краткотрајна.

Што значи дека пред нас е период на многу потопло време, во кое секако дека ќе можеме да уживаме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде