Земјотрес вчерва стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,

одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 24.09.2024 година, во 21 часот и 46 минути,

регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде