Во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, градоначалникот на Кисела Вода,
Орце Ѓорѓиевски истакна дека размислува да се канидира за градоначалник на Град Скопје на местото на Данела Арсовска идната година.
„Ќе видиме што вели мојата партија и што велат граѓаните.
Имаме одлична реализација на проектите, би го прифатил тој предизвик и би ги решил голем број на проблеми кои ги има нашиот град“, рече Ѓорѓиевски.