Трагедија: Едно лице го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа

Доцна синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, во близина на бензиската станица Макпетрол, кога патничко возило излетало од патот и преминало на спротивната страна.

Според првичните информации, едно лице загинало на лице место.

Сообраќајот на оваа делница беше пренасочен, а надлежните служби работеа на расчистување на местото на несреќата.

Полицијата спроведува истрага за причините што довеле до овој трагичен инцидент.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде