УХМР утрово објави мапа: Денеска ќе има невреме – еве во кои делови

Променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 22 степена.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Денес ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен северен ветер ( над 70км/ч), а дневната температура значително ќе се намали (за 6 до 8 степени).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде