Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта, подруми и ниви, јавија словенечките медиуми.
Противпожарните служби евакуирале 30 лица откако одрон го блокирал патот во градот Лепена, јавува агенцијата СТА.
Едно лице е повредено при отстранување на паднато дрво во општина Толмин.
Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека пожарникарите цела ноќ ја испумпувале водата од подрумите и ги отстранувале паднатите дрвја од коловозите.
Во западните делови на земјата врнежите се ослабени од четвртокот навечер, а невремето денеска го зафати и источниот дел на Словенија.
Најголемо количество врнежи се регистрирани во Бохињ и Посочје, објави порталот Метеоинфо.
Рекордни врнежи за Словенија се забележани во Вогел кај езерото Бохињ, при што за 24 часа наврнале 378 литри дожд на метар квадратен.
Во Македонија УХМР најави променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.